Гундоган: Цела Англија со години се трудеше да го стигне Манчестер Сити

Манчестер Сити игра лоша сезона во која веќе испадна од Лигата на Шампионите, а и наместо за титула во Премиерлигата се бори за место во најелитното фудбалско натпреварување за сезоната која следи па единствен трофеј до кој „граѓаните“ можат да стигнат е оној во ФА Купот.

На тема „сезоната“ за медиумите говореше еден од најискусните фудбалери во составот, Икај Гундоган кој прифати одговорност поради статусот кој го има.

„Имаме неколку искусни играчи со многу искуство и тоа носи одговорност. И покрај тоа што речиси во секоја сезона минувавме во главно низ позитивни моменти и освојувавме трофеи знаевме дека ќе дојде момент кога работите ќе станат тешки“, вели Германецот.

Манчестер Сити од сезона во сезона има и „противник плус“ со оглед на тоа што во доминацијата и останатите клубови сакаат да го стигнат ривалот.

„Гладта да не победат постојано расте. Не верувам дека сите сакаат да не гледаат како освојуваме трофеј секоја година, така да ова е нормално. Тоа е предизиик, особено за нас искусните играчи. Ние имаме голема одговорност, не само спрема младите, туку и кон новајлиите во екипата“, додава Гундоган.

Се вчитува...