Гундоган во Манчестер Сити до 2023 година

Фудбалерот на Манчестер Сити, Илкан Гундоган го продолжи договорот со англискиот шампион до 2023. година, потврдија од клубот.

„Многу сум среќен што потпишав нов договор. Уживав во последните три години во Сити, а сите во клубот ми помогнаа уште од првиот ден да се чувствувам како дома“, изјави Гундоган.  

Германскиот репрезентативец во 2016. премина на „Етихад“ од таборот на Борусија Дортмунд за сума од 20 милиони фунти.

 

 

Се вчитува...