Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го освои 40. место од 49. пливачи на 400 метри слободно на Светското првенство во 25 метарски базени кое се одржува во Будимпешта Унгарија.
Ѓуретановиќ трката на 400 метри ја заврши со време од 3:53.05 минути што беше за девет секунди подобро од неговото пријавено време, но и за три секунди побрзо од досегашниот македонски рекорд кој беше во сопствеништво на Марко Блажевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА