Далибор Ѓурѓевиќ, ВАР менаџер инструктор на ФИФА, рече дека собата на ВАР која ќе се наоѓа во зградата на ФФМ, ќе биде една од најмодерните во Европа.
Истакна дека ги има сите потребни услови за имплементација на ВАР системот во Македонија.
„ВАР не е само технологија, тоа е систем што бара поддршка и посветеност. А, кога првиот човек на федерацијата стои зад еден ваков проект, тогаш знаете дека успехот е реална цел. Условите во кои работиме овде ги споредувам со оние во многу поголеми фудбалски сојузи и можам слободно да кажам дека раководството на ФФМ, посебно претседателот Масар Омерагиќ, обезбеди феноменални услови за работа, особено за судиите. ВАР собата во зградата на ФФМ ќе биде една од најмодерните во Европа. Дури и во некои од првите десет лиги во Европа, судиите немаат вакви услови. Затоа, тие имаат обврска да го оправдаат ова вложување и поддршката што ја добиваат“, рече Ѓурѓевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

