Српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ е еден од хероите на Вардар во победата од 2-0 против Детонит Плачковица во бараж-пресметката со која најтрофејниот македонски клуб се избори за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.
Ѓуриќ некако секогаш изминатава пролет беше тука за Вардар во најтешките негови натпревари, и кога ја донесе победата со гол против шампионот Струга ТЛ, и денеска кога во најнеопходниот момент го скрши отпорот на радовишани и го отвори патот на „црвено-црните“ до триумфот.
„Не може да ја сокријам радоста од оваа победа. Знам дека Вардар заслужува многу повеќе, но по една вака тешка, неизвесна сезона, ова е навистина заслужено славје за сите нас. Јас сум секогаш тука кога е неопходно со максимум да му помогнам на клубот, а најмалку денеска беше важно кој е стрелец на головите. Благодарам на Комити! Ова е само за нив, затоа што цела сезона беа постојано со нас во најтешките мигови. Верувам дека Вардар сега може да отвори нова страница кон поуспешни денови во иднина“ – ни изјави Ѓуриќ веднаш по денешната победа во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА