Екипата на Хуеска останува во игра за пласман во плеј-офот од втората шпанска лига, а најзаслужен за тоа е Стојан Ѓуроски.
Македонскиот репрезентативец беше во главна улога на синоќешниот натпревар против Реал Кану што Хуеска го доби со убедливи 94-66, прекинувајќи ја серијата од четири порази. Ѓуроски мина на теренот 27 минути, период во кој реализираше 21 поен и пет скокови, со што беше прв стрелец на својот тим.
Хуеска се искачи на седмото место на табелата, што само по себе е успех по ланската битка за опстанок во лигата, но Ѓуроски и соиграчите се надеваат дека преку плејофот ќе се вмешаат во „војната“ за влез во елитното шпанско кошаркарско друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА