ЕКИПА во Клаипеда,
Стеван Цаневски
Македонските кошаркари максимално мотивирани влегуваат во вечерашниот дуел против Литванија, решени да се прикажат во подобро светло во однос на првиот меч што го загубија уште во првото полувреме.
Стојан Ѓуроски, кој е еден од поискусните кошаркари во нашиот табор, верува во добро издание на нашиот тим, истакнувајќи дека Македонија не е без шанси за триумф на овој натпревар.
„Секако дека имаме свои шанси на овој натпревар, во Скопје дојдовме на девет разлика и покрај тоа што негативата беше голема. Овој натпревар ќе го почнеме физички посилно на граница на фаул како што играат тие на првиот меч. Практично тука не изненадија во првата четвртина, после пробавме да ја смениме нашата игра и да им парираме, тоа го правевме колку што можевме. Со доаѓањето на Нено, мислам дека и тие ќе ја променат својата одбрана, ќе гледаме брзо да се прилагодиме на тоа и да одиграме доста појако во нападот и во одбраната. Доколку им парираме физички ќе имаме еднакви шанси да победиме. Малку сме изморени од патот, се уште пробуваме да се вратиме 100%, но кога доаѓа моментот да се игра за националниот тим сето тоа се заборава и нормано ќе собереме сили и ќе го дадеме максимумот. Не не плаши фактот дека ќе играме пред полни трибини, за разлика од Балканот тука атмосферата е поинаква. Ќе биде мотивација да одиграме уште подобро“, вели Ѓуроски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА