Ѓуроски нов потпретседател, а Стојчевски – генерален секретар во КФСМ

Новиот претседател на КФСМ, Томица Главчев, со своите соработници денеска ја одржа и првата седница на новиот Управен Одбор во куќата на коѓарката.

На неа, за нов потпретседател беше именуван Младен Ѓуроски, додека Томче Стојчевски доби четиригодишен мандат како нов генерален секретар во КФСМ.

Прифатен беше предлогот како членови на Управниот Одбор на КФСМ да бидат именувани Александер Павлов, Никола Митревски, Норик Селими, Савица Неделковска, Драган Иванов и Тане Димовски, додека како членови по автоматизам беа прифатени: Боро Смилковски, претставник од Прва лига-мажи, Јордан Цветановски, претставник од Прва лига-жени, Благоја Кечовски, претставник од Втора лига-мажи, Владимир Свртинов, претставник од Трета лига-мажи, Владимир Огњановски, претставник од младински лиги, и Александар Јончевски, како претставник од Здружението на кошаркарски тренери на Македонија.

Се вчитува...