Ѓуроски: Почнавме споро, но потоа „се стегнавме“ и стигнавме до голема победа

Кошаркарската репрезентација на Македонија стигна и до четвртата победа во исто толку натпревари во претквалификациите за пласман на ЕП 2029 година откако вечерва потешко од очекуваното славеше на гостувањето кај аутсајдерот Азербејџан со 70-78.

Иако во еден момент во првиот дел нашите кошаркари имаа негатива од 18 поени, сепак со стрплива и мирна игра на крајот успеаја да се радуваат и на четвртата победа во овие претквалификации.

Еден од најискусните во нашиот национален тим Стојан Ѓуроски ги сподели своите први впечатоци по победата.

„Искрено, тешка победа, помалку и очекувано ако се знае дека против Ирска одиграа доста поквалитетно. Го почнавме натпреварот доста споро. И морам да признаам доста меко. Им дадовме мотиви, да знаат дека може да победат. После тоа „се стегнавме“ и го дадовме својот максимум. Ја сменивме нашата игра и стигнавме до победата. Се гледа дека сме поквалитетната екипа. Меѓутоа и на овој и на сите други натпревари мораме да влеземе максимално за да стигнеме до победата, затоа што никој нема да ни ја даде. И без оглед на тоа дали губиме или водиме 20 поени, оваа репрезентација игра до крај“, изјави Ѓуроски. 

Се вчитува...