Стојан Ѓуроски својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Карпош соколи, откако македонскиот репрезентативец начелно ги договори условите за соработка со вицешампионот на нашта земја.
Крилниот кошаркар најпрвин разговараше со МЗТ Скопје за нов едногодишен договор, но откако не се договори со шампионот ги разгледуваше и останатите понуди. Во игра за негов ангажман беа уште неколку македонски прволигаши, за на крајот тој сепак да ги избере „соколите“ од Карпош за свој нов клуб, договарајќи едногодишна соработка.
Во меѓувреме, Карпош соколи го официјализираше и новиот договор со Дарко Соколов, а останува неизвесно дали во новата сезона ќе остане Игор Пенов, кој лани беше капитен на оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА