Стојан Ѓуроски беше еден од последните македонски репрезентативци кои без клуб за следната сезона. Се до денеска, кога ланскиот играч на Блокотехна ја прифати понудата на Хуеска, па во новата сезона ќе го носи дресот на овој шпански второлигаш. Во текот на летово тој имаше понуди од речиси половина од македонските прволигаши, но пресуди желбата на Ѓуроски да замине во странство.
„Имав и понуди од клубови од АБА2 кои покажаа интерес, но Шпанија дефинтивно е предизвик што не сакав да го пропуштам. Хуеска е тим од втората лига, но тоа не ја намалува мотивацијата кај мене, да работам и играм најдобро што знам, па се надевам дека во иднина ќе бидам дел и од првата лига на оваа кошаркарска земја. Чувствувам дека сум подготвен за овој чекор напред“ – истакнува Ѓуроски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА