Стојан Ѓуроски веќе е еден од најискусниот во ростерот на нашата машка сениорска репрезентација. Искусното крило е свесен дека пред него и соиграчите се јавува еден нов предизвик кој со себе го носи играњето во претквалификациите за настап на Олимписките Игри во Париз.
„Ни претстојат тешки натпревари бидејќи за противници имаме три исклучително силни репрезентации. Дуелите ќе бидат од големо значење за нас за она што следува натаму – квалификациите за Европското првенство и мислам дека ова ќе биде добра подготовка и треба да се претставиме во најдобро светло“- вели крилото на „црвено-жолтите“ по првиот одработен тренинг од подготовките во Скопје.
Ѓуроски верува во тимот кој ќе биде дел од овој репрезентативен циклус, а во кој од 12. до 15. август, во Талин, нè чекаат натпревари со селекциите на Израел, Чешка и домаќинот на собирот – Естонија.
„Верувам дека можеме добро да се подготвиме и да го покажеме целиот наш потенцијал на турниот во Талин“, дополнува Ѓуроски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА