Кошаркарите на Куманово го совладаа Гостивар со 75-73 во меч со драматична завршница. Натпревар кој се решаваше во последните мигови, искусниот Стојан Ѓуроски погоди на 10 секунди пред крајот, и донесе победа за домашниот тим.
Домашните кошаркари го отворија мечот добро, и го добија првиот период до 21-16. До полувреме разликата беше поголема, па така Куманово замина на пауза со 42-30.
Но, во вториот дел Гостивар ја намали разликата, и после одлична серија дојдоа и само до поен негатива (61-60). Одличната серија на гостите донесоа предност, па Куманово стигнуваше и мечот беше израмнет во финишот. Во миговите кога беше 73-73, Ѓуроски успеа да погоди и да донесе победа.
Кумановци ги предводеше Луковиќ со 27 поени. Димитриевски имаше одличен меч кај Гостивар и постигна 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

