Гуровиќ со совет за Србите пред САД: Кога ќе тргне Дурент да шутира тројки, скршете му ја раката

Србија и Соединетите американски држави ќе се сретнат во полуфиналето на кошаркарскиот турнир на Летните олимсписки игри во Париз. Ова ќе биде трет меѓусебен натпревар помеѓу овие две репрезентации. А, и покрај тоа што Американците славеа убедливо во претходните два и самиот селектор Кер верува дека полуфиналниот меч ќе биде различен од сите останати.

Србија во минатото знаеше како да ги надигра Американците, а еден од оние кошаркари кои беше на теренот во Индијанаполис во 2002 година, Милан Гуровиќ им даде совет на репрезентативците на Србија да не покажуваат голема почит кон Американците и воедно како да пристапт на теренот.

„Треба да престанат да читаат вести. Друго, и самите вие новинари сакате да ги величите американските кошаркари како да се недопирливи, како да се од Бога дадени… Кари, Дурент и Леброн имаат преку 110 години и мислам дека не треба да ги почитуваме премногу.

Размазени се, не подлежат под некои допинг контроли, не се во олимпиското село, глумат ѕвезди и така натаму. Тоа кај нас треба да предизвика бес и да одиграме цврсто. Кога ќе се залета Леброн треба да му се постави Алекса за прекршок во напад. Да му даде некој лакт. Кога ќе тргне Дурент да шутира тројки жаргонски кажано да му ја скршат раката. Ние не им дававме почит. Мора да се успори играта и да видиме како ќе се однесуваат во егал завршница и дали имаат… Да не кажам што“, изјави Гуровиќ гостувајќи на утринско шоу во Србија.

Се вчитува...