Стојан Ѓуровски денес го пронајде својот шутерски ритам. Имаше перфектен учинок од линијата за три поени, па е задоволен што со неговите 12 поени допринесе за третата последователна победа на овој турнир.
„Дефинитивно има напредок во нашата игра. Како што можевте да забележите, има голема разлика од првиот, вториот и денешниот натпревар. Сметам дека денеска игравме одлично во одбраната, многу повеќе комунициравме, бевме поагресивни. Од мојот личен настап сум задоволен само ако мојот тим победи. Ете се случи да погодам важни шутеви, па среќен сум што можам да допринесам на било каков начин. Мислам дека можеме да продолжиме со позитивните резултати, но секако, ни преостануваат уште неколку дена да се подготвиме за претквалификациите. Мислам дека треба да доработиме на одбраната, и уште малку да ја подобриме комуникацијата во дефанзива“, истакна Ѓуровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА