Ѓуровски сменет од тренерската функција, стана потпретседател на Графичар

Поранешниот македонски селектор Бошко Ѓуровски доби отказ од тренерската функција во Графичар, но Ѓуровски ќе остане во клубот како дел од управата на оваа екипа.

Графичар по серијата слаби резултати се реши за тренерска смена, заблагодарувајќи му се на македонскиот стручњак за досегашниот ангажман. На местото на Ѓуровски за нов тренер на српскиот второлигаш именуван е досегашниот тренер на младинците на Црвена Звезда, Марко Неџиќ.

Од клубот потврдија дека Бошко Ѓуровски останува дел од Графичар и тоа како потпретседател на српскиот второлигаш, задолжен за грижа за работата со младите категории и за координација со младинската школа на Црвена Звезда.

Се вчитува...