Густаво Појет нов тренер на Бордо

Уругвајскиот стратег Густаво Појет е новиот тренер на францускиот прволигаш Бордо. Тој ќе го наследи Жоселин Гуверне на клупата на „жирондинците“, а негов прв асистент ќе биде Фернандо Менегацо.

Густаво Појет последен пат работеше во кинескиот клуб Шангај Шенхуа, но се раздели во септември 2017 и оттогаш беше без ангажман.

Бордо во моментот се наоѓа на 11.позиција на табелата во француското првенство, а амбициите на клубот се да се бори за излез на европската сцена.

 

Се вчитува...