Густавсон: И ние се плашиме од Македонија и Македонците се плашат од нас

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Голманот Пол Берген Густавсон повторно имаше неколку извонредни интервенции на голот на Исланд, но искусниот чувар на мрежата е свесен дека ќе има многу потешка задача на утрешниот клучен натпревар против Македонија. Сепак, тој е убеден дека исландските ракометари се подготвени за предизвикот што го носи дуелот со нашата национална селекција.

„Одигравме многу натпревари со Македонија во овие години и добро се познаваме. Ние се плашиме од Македонија, тие се плашат од Исланд, тоа е доказ дека двете репрезентации се силни. Можам да кажам дека го имате еден од најдобрите тренери во светот, знаеме дека нема да ни биде лесно. Како и да играте, „седум на шест“ или „шест на шест“, ние ќе бидеме подготвени, нашиот стручен штаб добро ја анализираше играта и затоа знам дека нема да бидеме тактички изненадени. Целта ни е победа, тука нема никакви дилеми“ – порача Густавсон непосредно по победата над Јапонија.

Се вчитува...