Гут-Бехрами најбрза на супервелеслаломот во Гармиш-Партенкирхен

Швајцарската алпска скијачка Лара Гут Бехрами е победничка на супервелеслаломската трка во Светскиот куп која денеска се возеше во германскиот ски-центар, Гармиш-Партенкирхен.

Швајцарката до победата стигна со време од 1:14.91 минута, што беше за 35 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Норвежанка, Кајса Викоф Ли. Подриумот го надополни водечката во генералниот пласман, Федерика Брињоне од Италија која доцнеше 38 стотинки зад времето на победничката.

Со оваа победа Гут Бехрами ја намали негативата на 70 поени зад водечката Брињоне во генералниот пласман.

Се вчитува...