Лара Гут Бехрами е победничка на супервелеслаломската трка во германскиот Гармиш Партенкирхен. Швајцарката до победата стигна со време од 1:17.37 минута, што беше за 28 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Петра Влхова од Словачка.
Третото место и припадна на Тамара Типлер од Австрија која доцнеше 74 стотинки зад времето на победничката. Во генералниот пласман Лара Гут за 20 поени ја намали разликата од водешката Петра Влхова, додека на третото место останува Михаела Гизин.
Најдобрите алпски скијачки во светот се селат во Кортина Д’ампецо каде од 9. до 21. февруари ќе се одржи Светското првенство во алпско скијање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА