Гути: Меси е талентиран, Роналдо е амбициозен

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути вели дека Лионел Меси е поталентиран од Кристијано Роналдо, но Португалецот е многу поамбициозен. Гути кој е помошник тренер во Бешикташ, на прашањето да мора да избира меѓу двајцата, изјави дека нема да може да се одлучи.

„Ги избирам двајцата. Вистина е дека неодамна на Твитер напишав дека го избирам Меси, но навистина почитувам се што направи Роналдо, голем фудбалер е. Меси е поталентиран, Кристијано е подобар стрелец, поамбициозен и фудбалер кој самиот себе се направи да биде тој што е. Неверојатно е што во ерата на Меси, тој петпати ја освојуваше „Златната топка“, рече Гути. 

По споредбата на Роналдо и Меси, Гути изјави дека негов сон е еден ден да стане тренер на Реал Мадрид.

Се вчитува...