Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хозе Марија Гутјерез или попознат како Гути е нов тренер на Алмерија. Алмерија во моментов се наоѓа на второто место на табелата во Сегунда и цел за клубот е на крајот на сезоната да обезбеди промоција во Примера.
Раководството на клубот по серијата лоши резултати му се заблагодари на досегашниот тренер Педро Емануел, кој во осум натпревари успеа да забележи само еден триумф. Бидејќи не сакаат да остават ништо на случајноста богатите арапски сопственици на клубот се одлучија да го ангажираат Гути кој досега работеше како тренер во младинските школи на Реал Мадрид.
Tenemos a nuestro galáctico ⭐ Desde la sabana llega @Guty14Haz nuestro nuevo rey?! #AlmeríaXGuti #14 pic.twitter.com/qecsNji46U
— UD Almería (@U_D_Almeria) November 5, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА