Гуцев потпиша за Трепча, Тимовски уште непочнат заврши со Ботев Враца

Довчерашниот фудбалер на Силекс, Благој Гуцев својата кариера ќе ја продолжи во косовскиот прволигаш Трепча.

Гуцев се договори со Трепча за едногодишен договор, исто колку и досегашниот фудбалер на Беласица, Мартин Мирчевски кој ќе биде соиграч на Гуцев во новиот дрес.

Ангел Тимовски, пак, и покрај тоа што само пред две недели потпиша договор за трансфер од Силекс во новиот бугарски прволигаш Ботев Враца, сепак уште незапочнат ја прекина соработката со Бугарите.

Незадоволен поради неисполнување на дел од условите за идна соработка Тимовски се одлучи да не продолжува понатаму со бугарскиот клуб и сега повторно е во Македонија во очекување на нова фудбалска средина.

Се вчитува...