Писмо до Бајден: Тргни ја политиката на страна, Америка го сака Ѓоковиќ!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Индијан Велс, поради неможност за влез во САД.

Српскиот тенсиер побарал медицинско ослободување од коронавирус, но властите не му дале дозвола. По Индијан Велс, турнејата се сели во Мајами, кој Ѓоковиќ најверојатно ќе го пропушти, а последен во негова одбрана излезе гувернерот на државата Флорида, Рон Де Сантис.

Тој ја повика администрацијата на Бајден да и дозволи на невакцинираната тениска ѕвезда да влезе во САД за да може да игра на Мастерсот во Мајами, правејќи исклучок од правилата за вакцинација во САД бидејќи статусот на вакцинација на Ѓоковиќ привлече контроверзии и политичко внимание.

„Оставете ја настрана политиката за пандемијата и дајте му на американскиот народ што сака. Оваа забрана е неправедна, ненаучна и неприфатлива. Оставете го Ѓоковиќ да игра“, напиша Де Сантис во писмото до Бајден.

Мастерсот во Мајами започнува на 19. март и ќе трае до 2. април.

Се вчитува...