Гувернерот на Онтарио дозволи точење на алкохол уште рано наутро поради финалето на ЗОИ против САД

Гувернерот на најнаселената канадска покраина Онтарио, Даг Форд, по исклучок дозволи точење алкохол во рестораните и баровите од шест часот наутро денеска, со оглед на тоа што финалниот натпревар од турнирот во хокеј на мраз на Зимските олимписки игри во Милано помеѓу Канада и САД ќе започне во 8.10 часот по локално време.

„Целата земја ќе ги гледа нашите хокеари како се борат за олимписко злато во недела наутро. Ајде да се здружиме, да ја поддржиме локалната економија и да навиваме за Канада!“, рече Форд преку социјалната мрежа X.

Премиерот на Британска Колумбија, која се наоѓа на брегот на Пацификот, па финалето ќе започне во раните зори во 5.10 часот наутро, Дејвид Еби, исто така дозволи да се служи алкохол пред појадок.

Сите најдобри хокеари во светот настапуваат на Олимписките игри во Милано за прв пат од 2014 година, кога Канада ја освои титулата за последен пат. Ова ќе биде прв пат од Ванкувер 2010 година Канада и САД да играат во финалето, кога Канада славеше со голот на Сидни Крозби во продолжението.

Се вчитува...