Стоперот на хрватската фудбалска репрезентација Јошко Гвардиол е блиску до трансфер во Манчестер Сити, пренесуваат германските медиуми. 21-годишникот веќе подолго време се поврзува со трансфер, а и покрај тоа што Лајпциг во минатото одбиваше богати понуди, овој пат изгледа дека нема да може да го задржи талентот во своите редови.
Германскиот клуб за својот фудбалер бара обесштета од 100 милиони евра, но предвидувањата се дека актуелниот шампион на Европа ќе го заврши трансферот во износ од 80 до 85 милиони евра.
Од трансферот на Гвардиол ќе профитира и Динамо Загреб на кој му следи 20 отсто од следниот трансфер. Како потсетување, стоперот во Лајпциг се пресели токму од редовите на загрепскиот гигант пред две години во трансфер вреден 18.8 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

