Гвардиол ги мина медицинските прегледи во Сити

Јошко Гвардиол е пред потпишување договор со Манчестер Сити. Како што пренесуваат островските медиуми, хрватскиот фудбалер го поминал првиот дел од лекарските прегледи и го потврдил договорот со челниците на клубот.

Уште пред четири недели беше јасно дека фудбалерот на Лајпциг ќе стане нов член на европскиот шампион.
Тој ќе биде второто засилување на шампионот на Англија ова лето, откако претходно пристигна Матео Ковачиќ од Челси.

Се вчитува...