Дефанзивецот на Хрватска, Јошко Гвардиол е пред трансфер во голем клуб, откако неколку клубови искажаа интерес за неговите услуги. Моментално членот на Лајпциг кажа дека од мал сонува за дресот на Ливерпул.
Тој призна дека Челси почнал преговори со него, и се договориле на зима да продолжат.
„Тие не се οτкажаа од мене. Се договоривме преговорите да продолжат во зима. Ајде да видиме како ќе се одвиваат работите“, изјави Гвардиол.
На прашањето во кое првенство сака да игра, тој одговори:
„Уште од мал ме привлекува англиското првенство. Сите знаеме за каква лига станува збор. Ако треба да бирам клуб, тоа е дефинитивно Ливерпул. Од детството гледав многу натпревари на Ливерпул со татко ми. Внимателно ја гледав секоја сезона, и овој клуб ми остана во моето срце“, рече Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА