Дефанзивецот на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол ќе потпише нов договор со овој тим. Хрватот, кој во моментов е повреден и не игра за англискиот тим, во следните месеци ќе го продолжи договорот со поранешниот англиски шампион.
Гвардиол дојде во Сити во 2023 година од Лајпциг, а претходно беше дел од Динамо Загреб. Има повреда на ногата, поради која се очекува да паузира до мај, а потоа да се врати, и да биде подготвен за Светското првенство во САД, Мексико и Канада.
Неговиот актуелен договор истекува до 2028 година, а се очекува новиот да биде до 2031 година. Во моментов неговата вредност се проценува меѓу 70 и 80 милиони евра.
За Хрватска досега одигра 46 меча и постигна 4 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

