Гвардиол контра Клоп и Гвардиола: Јас, пак, уживам на Светското клупско првенство

Јошко Гвардиол, хрватскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити е еден од ретките фудбалери кои не упати критика за ФИФА Светското клупско првенство кое на бројни клубови им го скрати времето за одмор.

Додека неговиот тренер Пеп Гвардиола и легендарниот стратег Јирген Клоп го критикуваа долгото натпреварување по крајот на тешка сезона, Хрватот изјави дека уживал во САД.

„Знам за критиките, но јас не можам да кажам ништо за тоа. Тоа не е моја задача. Јас сум тука, уживам“, изјави Гвардиол.

Манчестер Сити претрпе елиминација во осминафиналето и настапот за англискиот тим е завршен.

Се вчитува...