Фудбалерите на Манчестер Сити стигнаа до нова победа во Премиерлигата откако во 35. коло славеа на гостувањето кај Нотингем Форест со 2-0 во натпревар во кој мрежата ја затресе и хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол.
По корнер во 32. минута Гвардиол имаше одличен продор во шестнаесетникот и со главата ја затресе мрежата на домаќините. Хрватот по натпреварот не го криеше задоволството од постигнатиот гол, а ниту од новите три бода со кои Манчестер Сити одговори на триумфот на Арсенал во лондонското дерби со Тотенхем, задржувајќи се во битката за титула.
„Беше навистина тешко. Знаевме од почеткот на натпреварот дека ќе биде така поготово со ваков терен кој е навистина сув. Не очекував дека ќе постигнам гол, но се најдов во добра позиција. До крајот на сезоната ни останаа уште четири кола и мораме да се фокусираме максимално за да го освоиме трофејот“, изјави Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА