Гвардиола: Ајде побрзо со тие казни…, јас секако останувам во Сити без разлика на се

Пеп Гвардиола вопшто не крие дека е среќен на „Итихад“, подготвен да остане во Манчестер сити и доколку е санкциониран поради кршење на финансиските правила.

Премиерлигата активираше против „граѓаните“ обвинение за кршење на повеќе од 100 финансиски правила. Но, тоа воопшто не го загрижува Гвардиола…

„Јас секако останувам во Манчестер Сити и следната сезона. Не размислувам воопшто за заминување од клубот. Не се грижете, ќе останам во клубот дури и ако останат 100 прекршоци против нас во Премиерлигата“ – вели Гвардиола и дополнува:

„Но, ајде побрзо со одлуките за тие казни. Потребно е Премиерлигата или судиите да донесат одлука што е можно побрзо одлука. Ако сме погрешиле нека знае тогаш целата јавност, но тоа мора итно да заврши“.

Се вчитува...