Англискиот првак Манчестер сити одолеа на „Енфилд роуд“ играјќи без голови, а „граѓаните“ можат да жалат и за трите бода, со оглед дека Ријад Марез во 85.минута не успеа да искористи пенал. Сепак, менаџерот Пеп Гвардиола вели дека не е мала работа да не се прими гол против Ливерпул на гости, а морал и дополнително да го забави темпото на играта.
„Ако играш брз фудбал против Ливерпул, тие ќе те прегазат. Имаат неверојатно брзи фудбалери. На таков начин, мислам дека другите тимови имаат само околу 1% шанси за успех на „Енфилд роуд“. Ние се обидовме да наметнеме своја игра, и среќни сме што си одиме непоразени. Да, имавме шанса и за триумф, но промашивме пенал во клучен момент. Но, долг е шампионатот, одиме понатаму“, изјави Пеп Гвардиола по ремито без голови против Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА