На самиот крај на сезоната во Премиерлигата, бранителот на трофејот Манчестер Сити го очекува тешко гостување кај Тотенхем во Лондон. На овој натпревар избраниците на Пеп Гвардиола немаат право на грешка доколку сакаат да ја задржат предност од два бода пред Арсенал на врвот на табелата пред последниот овосезонски предизвик во елитниот англиски фудбал.
Тоа добро го знае и шпанскиот стартег кој во најавата на натпреварот кажа дека доколку неговите избраници не се радуваат во главниот град на Англија нема да се радуваат ниту на шампионскиот трофеј.
„Нема да биде лесно и свесни сме за тоа. Имаме само една опција, треба да го добиеме натпреварот. Се може да се случи, но знаеме какви се последиците. Ако не го победиме Тотенхем, нема да станеме шампиони, нема да ја освоиме Премиерлигата.
Тоа е она што мораме да го сфатиме пред да излеземе на терен. Ќе биде многу тешко, но знаеме за што играме. За да добиеме шанса на домашен терен во последното коло, мора да победиме утре. Одиме со тој менталитет, време е да ја прекинеме лошата серија со Тотенхем“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА