Гвардиола беснееше па се извини: Човек сум, грешам (ВИДЕО)

Најавата на документарецот „Together: 4-In-A-Row“ за историскиот успех на Манчестер Сити кој ја осови Премиерлигата четири пати во низа го прикажа Пеп Гвардиола во светло во кое ретко го гледаме.

Во соблекувалната емотивниот шпански стратег викаше на своите играчи па сега проговоре и за страста признавајќи дека некогаш знае и да претера.

„Не сум горд на тоа, особено по натпреварите кога бесен пренесувам емоции на играчите. Човек сум. Грешам. Но, тоа не ми се допаѓа. Некогаш не можам да се контролирам“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...