Англискиот премиерлигаш Манчестер сити ова лето реши комплетно да ги обнови фудбалерите на страничните позиции. Откако успеа да го доведе левиот бек на Монако, Бенјамин Менди, сега Пеп Гвардиола сака да обезбеди уште еден квалитетен играч на неговата позиција. Не му е проблем да плати дури 40 милиони фунти за ’резервен’ лев бек и гледа кон Саутемптон.
Манчестер сити сака да го купи Рајан Бертранд, кој беше еден од најдобрите фудбалери на „светците“ минатата сезона. Гвардиола е голем фан на неговата игра и издаде наредба до раководството на клубот да го доведе на „Етихад“. Интересно, засега менаџерот на „граѓаните“ не е заинтересиран за ангажман на нов напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА