Манчестер сити доминира во Премиер-лигата, но повредата на Сане го принуди Пеп Гвардиола да се обиде да ја освежи и навалната линија во својот тим. Приоритет му беше ангажманот на Ријад Марез, но „граѓаните“ не успеаја да ја исполнат оваа желба на својот тренер поради нереалните побарувања на Лестер. „Лисиците“ бараа 100 милиони евра за својот најдобар фудбалер, а откако беше одбиена понудата од 70 милиони челниците на Сити решија да се повлечат од преговорите.
Интересно, Пеп Гвардиола не само што не жали за нереализираниот трансфер, туку каталонскиот стратег јавно ја поздрави одлуката на раководството на Манчестер сити да не бидат задоволени барањата на Лестер.
„Искрено му се воодушевувам на мојот клуб што постави граници и што ги почитуваше. Браво за мотие директори што не го купија Марез, можеби во иднина ќе трошиме и по 100 милиони евра за фудбалери, тоа би морале да биде исклучителни играчи, но во моментов не можеме да си го дозволиме тоа. Тоа е пазарот, несекогаш можеме да ги доведеме играчите што ги посакуваме, некогаш другиот клуб бара повеќе пари од она што ние можеме да го платиме. Во секој случај, јас сум задоволен од тимот што го имам на располагање“ – изјави Гвардиола, кој пред неколку дена плати 65 милиони евра за дефанзивецот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА