Гвардиола брутално искрен: „Се обидов со нешто ново, и беше ужасно…!“ (ВИДЕО)

Манчестер сити повеќе од заслужено со доминантно второ полувреме дојде до убедлива победа од 1-3 на гостувањето против Арсенал во дербито на Премиерлигата.

„Топчиите“ сезонава имаа и осум бода предност над Сити, но сето тоа го прокоцкаа, па по синоќешната победа сега двата тима имаат по 51 бод.

Сити синоќа покажа кој е газда во Англија, па во центарот на вниманието се најде Пеп Гвардиола кој беше видно среќен по големата победа затоа што е јасно дека неговиот клуб се врати во трката за одбрана на шампионската титула.

Но, многумина се насмеаја на коментарот на Гвардиола за првото полувреме затоа што беше брутално искрен, признавајќи дека тој бил виновен за таквата игра.

„Што ме фрустрира од првото полувреме? Мојата тактика. Се обидов со нешто ново и тоа беше ужасно“ – низ смеа прокоментира Гвардиола.


Но, затоа второто полувреме беше се променето, одлична игра и заслужена победа на Манчестер сити.

Се вчитува...