Манчестер Сити го победи Тотенхем со 2-0 во Лондон, и така стигна на чекор до нова, четврта титула по ред во Премиерлигата, со што „граѓаните“ може да станат првиот тим кому му успеало ваков подвиг.
Пеп Гвардиола после мечот го истакна резервниот голман Стефан Ортега како апсолутен херој. Ортега го замени Едерсон кој се повреди, па потоа ги одбрани сите седум удари, и така ја сочува својата мрежа. Особено ќе се памети одбраната во 88. минута кога му одбрани „зицер“ на Сон.
„Тоа беше тежок натпревар. Знаевме дека ќе биде така. Играат со интензитет и против нив е многу тешко да се игра. Тотенхем ќе постигне неверојатен успех ако продолжи да му верува на својот менаџер. Ортега не спаси, инаку Арсенал ќе станеше шампион. Според мене Ортега е најдобриот голман на светот на ситуации „еден на еден“. Го заменив Едерсон затоа што имаше проблеми со видот. Докторот кажа дека мора да се замени. Ортега е голман од светска класа“, потенцираше Гвардиола, а потоа коментираше за последниот меч.
„Во последниот меч се останува во наши раце, но секогаш ваквите натпревари се најтешки. Се сеќаваме на мечот со КПР пред неколку години, така и овој меч очекувам да биде ист. Сега сум смирен, фокусиран на Антонио, Боувен, Вард-Проус“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА