Џек Грилиш ќе мора да ја крене формата ако сака да си ги зголеми минутите во дресот на Манчестер Сити оваа натпреварувачка сезона. Ова е јасната порака што ја испрати Пеп Гвардиола, кој не крие дека е разочаран од настапите на англискиот репрезентативец кој лани стартуваше на 41 меч во сите натпреварувања, а сезонава почна само 19 натпревари, само седум од нив во Премиер-лигата.
Гвардиола експериментира со најразлични опции на позицијата лево крило, а откако беше конкретно прашан за формата на Грилиш даде неочекувано директен одговор.
„Тој е истиот фудбалер, јас сум истиот тренер, начинот на кој игра екипата воопшто не е променет. Единствената разлика е во начинот на кој тој игра кога е на теренот. И тоа мора да се промени.Ако сака повторно да биде стандарден првотимец ќе мора да ја крене формата“, изјави Гвардиола.
Грилиш последен пат беше стартер во Премиер-лигата на дуелот со Шефилд Јунајтед на 30 декември, кога по само 52 минути игра беше заменет со младиот Оскар Боб.
„Од првиот ден реков дека ни е потребен Џек Грилиш, јас се уште верувам дека тој е специјален фудбалер. Сепак, се зависи од него, се надевам дека ќе биде од корист за нас во последните три месеци сезонава“, порача Пеп Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА