Пеп Гвардиола ги отфрли гласините дека е подготвен да си замине од кормилото на Манчестер Сити по најновата истрага што се води против актуелниот шампион на Англија.
Медиумите тврдеа дека трофејниот стратег ќе го напушти кормилото незадоволен бидејќи бил лажен и манипулиран од управата, но Гвардиола јасно стави до знаење дека тоа не е случај.
„Останувам во Манчестер сити, ова е мој клуб, сега повеќе од било кога Овде сум веќе седум години и се чувствувам пресреќен, изградивме нешто фантастично и овој проект се уште се развива во вистинска насока. Ќе сум заминел поради лажни ветувања? А кој лаже всушност… имавме истрага од УЕФА на оваа тема и се испостави дека Манчестер Сити не направил ништо спротивно на правилата. Сега имаме иста истрага само од други луѓе, не се сомневам дека исходот ќе биде идентичен. Од една страна тука се моите луѓе, мојот клуб, а од друга 19 други екипи кои сакаат ние да не сме веќе на врвот. Секако дека јас ќе ја заземам страната на моите луѓе, не се сомневајте во тоа“, порача Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

