Гвардиола до Арсенал: Ја сакате титулата? Таа е наша, па повелете земете ја!

Фудбалерите на Арсенал вечерва ќе го пречекаат Манчестер сити во заостанатиот натпревар од 12. коло во англиската Премиер-лига. Иако има уште многу да се игра до крајот на шампионатот, овој натпревар и тоа како може да го одлучи новиот шампион во англиската елита.

Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола пред мечот на неговите противници им порача дека доколку ја сакаат титулата, мора да ја земат од неговиот тим.

„Најголемата мотивација е што не сакам да ја испуштам Премиер-лигата затоа што не личиме на себе. Ако не победат затоа што се подобри, тогаш тоа е спорт, јас ќе бидам првиот што ќе им честитам како и  секогаш. Сакаат титула? Во ред, борете се. Земете ја. Во наши раце е. Ќе ја браниме титулата до последен ден. Така јас би сакал. Да се ​​бориме напорно да го задржиме трофејот. Ако не успееме, ќе го прифатиме, но мораме да дадеме се од себе. Моите играчи мора да го имаат тоа чувство секој ден“, рече Гвардиола.

Се вчитува...