Гвардиола до Челси: Не го отпуштајте Потер, секој почеток е тежок

Челси се наоѓа во огромна криза, тимот падна на десеттото место во Премиер-лигата, елиминиран е од Лига-купот на Англија, а денеска убедливо загуби со 4-0 и во ФА Купот од Манчестер Сити.

Навивачите се разочарани, па во финишот од денешниот меч од трибините можеше да се слушне „Томас Тухел“, како јасна порака до газдата Боели дека згрешил што го отпуштил Германецот за на негово место да го доведе Грем Потер од Брајтон. Сега Потер се наоѓа блиску до отказ, но стратегот на Челси доби неочекуван сојузник во Пеп Гвардиола, откако менаџерот на Сити јавно побара од „сините“ да не прават нова промена на менаџерската функција.

„Мојата порака до Тод Боели е: Не го отпуштајте Грем Потер. Дајте му време, бидејќи секој почеток е тежок. На сите тренери им е потребно време во новиот клуб, не се сомневам дека тој е вистинскиот човек“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...