Гвардиола доби прашање поврзано со „финансиски криминал“, па даде брутален одговор (ВИДЕО)

Еден од водечките тимови на светот, кога е во прашање трошењето огромни средства за засилувања, е Манчестер сити.

Изминативе години потрошија вистинско богатство, но сето тоа брзо би можело да дојде за наплата ако се утврди дека прекршија многу правила околу финансискиот фер-плеј.

„Скај спортс“ објави утрово дека челниците на Премиерлигата утврдиле, по нивната четиригодишна истрага, дека во Манчестер сити се прекршени многу финансиски правила поради што клубот и тоа како стравува во моментов.

Сето тоа беше тема и на прес-конференција на Пеп Гвардиола кој доби прашање дали некогаш добивал уплата од друга сметка, нешто слично како случајот со Роберто Манчини, а не онаа од клубот. Но, тоа прашање само го налути Гвардиола…

„Дали знаете што ме прашувате? Дали сум примал пари од друга страна. Денеска? Не знам што и како било со Манчини. Искрено, дали заслужувам да ме прашаш такво прашање? О, мој Боже“ – луто одговори Гвардиола.

Пооделни англиски медиуми шпекулираат дека Манчестер сити ќе биде казнет со одземање бодови и парична казна поради прекршувањето на финансискиот фер-плеј.

Се вчитува...