Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред дуелот против Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите изјави дека натпреварите на овие два тима стануваат класици во Лигата на шампионите.
Сити и Реал ќе се сретнат по четврти пат во последните пет години.
„Пред две години Реал не елиминира, минатата сезона ние го елиминиравме Реал. Натпреварите меѓу нас и нив стануваат класици. Имаме нови играчи, па ќе бидат сосема различни натпревари. Реал го промени начинот на игра, но не радикално“, изјави Гвардиола.
Мечот на „Сантијаго Бернабеу“ е со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА