Италијанскиот калчолигаш Интер е во интензивна потрага по нов тренер кој би го преземал тимот на стартот на новата сезона. Тоа значи дека Стефано Пиоли ќе си замине по завршувањето на тековниот шампионат во Серија А, а раководството посакува на неговото место да седне шпанскиот стратег Пеп Гвардиола. Тој има актуелен договор со „граѓаните“ до 2019 година, но Интер е подготвен да разговара и за отштетата која би ја платил на англискиот премиерлигаш.
Гвардиола изби во прв план откако Антонио Конте и јавно соопшти дека нема намера да си замине од „Стемфорд бриџ“ по само една сезона и дека ја обожува работата во Челси. Доколку не успеат да стигнат до Гвардиола, како што информираат италијанските медиуми, челниците на Интер ќе се фокусираат на Диего Симеоне, стратегот на Атлетико Мадрид, кој во својата фудбалска кариера го носеше дресот на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА