Гвардиола е во големи проблеми, причината е Ерлинг Халанд

Од неговото доаѓање во Манчестер Сити, Ерлинг Халанд за многу кратко време стана клучен играч на овој тим кој постигнува голем број на голови.

Што друго можеше да се очекува од играч од неговиот калибар, но ретко кој очекуваше ваква прва сезона во нова лига и нов клуб од Халанд. Сепак, младиот Норвежанец беше заменет на полувремето во последниот натпревар од Лигата на шампионите, а потоа Гвардиола изјави дека неговиот фудбалер е болен.

Викендов Сити игра натпревар против Лестер, а знакот прашалник се уште стои кога е во прашање настапот на Халанд на овој натпревар. Фудбалерот кој постигна седумнаесет гола на 11 натпревари оваа сезона во Премиер лигата не само што е болен, туку и уморен.

„Тој е малку подобар и тренираше, па ќе видиме. Мора да почекаме да дојде и да каже како се чувствува … Се опоравува, но не знаеме дали е во целост подготвен. Има уште неколку болни играчи и треба да почекаме“, заклучи Гвардиола.

Се чини дека голем замор од постојаното играње ги фати неговите играчи, бидејќи Гвардиола навистина не ротираше премногу оваа сезона.

Се вчитува...