Менаџерот на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола увери дека не размислува за можноста неговиот тим да испадне од Лигата на шампионите.
На „Граѓаните“ им треба задолжителна победа утре на „Етихад“ против Клуб Бриж за да продолжат во плеј-офот за 1/8-финалето. Сепак, Шпанецот позитивно зборуваше за белгискиот тим, кој нема пораз на 20 последователни натпревари.
„Ситуацијата е таква што мораме да победиме бидејќи во спротивно нема да продолжиме во Лигата на шампионите. Сакам да продолжиме да имаме шанса да одиграме уште два натпревари и да се пласираме во 1/8 финалето. Ова не е проблем, туку можност, предизвик, против кој ќе одиме. Нема да биде добро за клубот ако не се квалификуваме, но во моментов не размислувам за тоа. Мислам дека ќе се квалификуваме“, рече Гвардиола.
Тој рече дека ситуацијата е многу едноставна околу пласманот во следната фаза.
„Едноставно е – ако победиме, продолжуваме, ако не – испаѓаме и тоа е тоа. Сум бил мноуг пати во Лигата на шампионите, сум одиграл многу вакви натпревари и не ми е невообичаено. Играме против една сериозна екипа, но мора да ги најдеме нивните слабости и да ги искористиме“, изјави тренерот на Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

