Гвардиола емотивен: Цел еден народ ќе исчезне, светот ја остави Палестина на цедило

Пеп Гвардиола повторно ја искористи својата популарност за да даде коментар на политичка тема, и тоа повторно за конфликтот во Палестина во кој животот го загубија илјадници луѓе.

Палестина денеска игра пријатеслки меч со селекцијата на Каталонија, а Гвардиола го искористи овој момент за повторно да го насочи вниманието на јавноста кон страшнниот конфликт.

„Секогаш кога ќе погледнам што се случува во Палестина, ме боли впечатокот што целиот свет ја остави оваа земја на цедило. Ги напуштивме луѓето кои живеат на тоа парче земја. Тие луѓе не се виновни што се родени во Палестина, момчиња и девојчиња, татковци и мајки кои живееле таму. Дозволивме цела една нација да биде на работ на исчезнување. Ни велат да не го користиме зборот геноцид, а токму тоа се случува. Не постои човек во светот што може да го брани она што им се прави на Палестиците, што може да ги одбрани масакрите во Газа. Не станува збор за тоа кој е во право, туку за тоа дека цело време гинат деца, а никој е го запира тоа. Затоа и немам никаква доверба во политичките лидери, кои прават се само за да останат на власт“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...