Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека лошата серија на неговиот тим е биде шок за играчите. Сити ќе гостува во Лутон во недела и ќе се обиде да избегне серија од пет натпревари без победа во лигата, што Гвардиола никогаш не го направил во кариерата.
Сити три сезони е шампион на Англија, а минатата сезона ја освои и Лигата на шампионите и ФА Купот.
„Го гледам гладот на противниците, нивната желба е поголема. Играчите мора да разберат дека тука не помагаат моите зборови или нашите претходни успеси. Оние на теренот мора да разберат: „Боже, противниците се многу подобри“. После тоа можеме да направиме пробив, тоа е единствениот начин“, вели Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА